Published: Saturday, February 27, 2016 10:09
Десет луѓе загинаа, а 40 се ранети во самоубиствениот напад кој што утрово се случи во градот Асадабад во Авганистан, јавуваат агенциите.
Нападот го извршил бомбаш самоубиец на мотор, а во нападот загинал племенскиот водач Кан Џан.
Како што пренесува агенцијата Франс Прес, целта на напаѓачот била да го усмрти Џан кој бил против Талибанците и го предводел локалното население во борба против талибанските борци.
Засега никој не ја презеде одговорноста за овој страотен самоубиствен напад.




