Најмалку 20 луѓе загинаа, а стотина се повредени во две силни експлозии кои утринава одекнаа во близина на железничката станица во турскиот главен град Анкара, јавува агенцијата Анадолија.
Експолозијата која одекна утринава во 10 часот во центарот на Анкара ја подметнал бомбаш-самоубиец. Бомбата експлодирала под железничкиот мост, а екипите итната медицинска помош ги згрижуваат жртвите во градската болница во Анкара.
Турската Влада експлозијата ја оценува како терористички напад, а премиерот Ахмет Давитоглу веднаш закажа вонреден состанок.
Нападот е извршен за време на мирниот протест против конфликтот на турските власти со курдските милитанти на југоистокот на Турција.
Денеска на градскиот плоштад во Анкара било планирано одржување на протестен митинг под мотото„И покрај војната, веднаш сакаме мир. Мир, работа и демократија“
Собирното место било планирано точно на железничката станица, во близина каде што утринава дојде до експлозија.




