Најмалку 47 лица загинале во експлозија што вчера околу пладне одекнала на пазар во државата Борно, во североисточниот дел на Нигерија, јавуваат светските агенции.
Експлозијата се случила на сточниот пазар во градот Сабон Гари на југот на Борно, а покрај за загинати, агенциите јавуваат и за најмалку 52 повредени лица.
-Досега на местото на експлозијата се пронајдени телата на 47 погинати, како и на 52 повредени лица, изјави Умар Кида, припадник на цивилната група за одржување на редот и мирот.
Според првичните информации, одговорна за нападот најверојатно е милитантната исламистичка организација Боко Харам.
Групата Боко Харам во текот на својата шестогодишна борба за воспоставување исламска држава на североисток од Нигерија уби повеќе илјади лица.




