Published: Wednesday, February 17, 2016 21:20
Досега бројот на загинати при бомбашкиот напад во главниот турски град Анкара, брои 28 а повредени се 60 луѓе. Како што соопштија локалните власти, бомбата експлодирала од автомобил кој бил во движење а била насочена кон конвој од воени возила.
Според портпаролот на владејачката Партија за правда и развој, експлозијата се случила во близина на Парламентот, зградата на владата и на генералштабот на турската армија и дека се работи за „акт на тероризам“.
Претседателот на државата, Реџеп Tаип Ердоган повикал итен состанок за безбедноста со највисоките функционери во државата, а премиерот Ахмет Давутоглу го откажа своето патување во Брисел за да може да присуствува на состанокот.




