Published: Sunday, July 3, 2016 09:52
Најмалку 79 лица се убиени, а околу 131 се повредени во двата бомбашки напади извршени од страна на т.н. Исламска држава во Багдад вчера, пишува Би-Би-Си.
Во првиот напад, бомбашот-самоубиец со автомобил експлодирал во близина на ресторанот и шопинг центар во централниот кварт Карада, додека улицата била зафатена со купувачи по зајдисонце во светиот месец Рамазан.
Втората експлозија на бомба се случила подоцна во претежно шиитската област северно од главниот град.
Бомбашките напади следуваат една недела откако ирачките безбедносни сили повторно го освоиле градот Фалуџа од Исламска држава.





