Турската агенција ИНА објави фотографија од наводната терористка – самоубиец Сехер Чагли Демир која го извела терористичкиот напад во Анкара.
Како што тврди агенцијата, таа студирала туризам и хотелиерство и била новинарка – соработник во весникот Џумхурјет, од градот Баликсеир, во Западна Турција.
Турската агенција ИНА објави фотографија од наводната терористка – самоубиец Сехер Чагли Демир која го извела терористичкиот напад во Анкара.
Турската полицијата денеска во близина на сириската граница привела четири лица осомничени за поврзаност со бомбашкиот напад изведен во центарот на Анкара, јавија локалните медиуми.
Полицијата реагирала на дојавата дека автомобил бомба кој експлодирал во Анкара е купен во автосалонот во градот Шанлијурфи.
Во вчерашниот бомбашки напад во турскиот главен град загинаа најмалку 37 лица, а над 125 се повредени. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.




