Франција без конкретни рокови за проширувањето на ЕУ. 

„Нема конкретен рок во однос на проширувањето на ЕУ и членството на Република Северна Македонија“, рече во своето излагање на седницата на Советот за евроинтеграции, амбасадорот на Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер.

Зборувајќи за приоритетите на француското претседателство со ЕУ, пред пратениците во Законодавниот дом, Бомгартнер рече дека Франција ќе има конструктивен пристап во овој поглед.

„За оваа тема нема конкретен рок, бидејќи овој рок зависи од меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите и во овој момент е невозможно да се утврди точен датум. Земјата постојано ќе се придружува, со француското претседателство и со трите други засегнати институции за да може работите конструктивно да напредуваат и во добра насока“, рече Бомгартнер изразувајќи надеж за што е можно побрз и значителен напредок за време на француското претседателство.

(Извор: Алсат)