Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Ако победи Русија, ќе оди кон следната цел

0
By Ана Василевска on November 28, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Жозеп Борел
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел смета дека војната меѓу Русија и Украина „можеби нема да заврши, туку ќе замрзне како војната во Кореја“ од пред 70 години.

„Во Кореја, двете страни постигнаа примирје и прекин на огнот со воспоставување линија на раздвојување. Ова може да биде излез од овој конфликт, рече Борел (75), кој е и потпретседател на Европската комисија. Тој ова го изјави во Барселона, каде што учествуваше на настанот „Глобални кризи, европски одговори“ организиран од локалниот Центар за меѓународни односи (ЦИДОБ)“, јави весникот „Ла Вангардија“.

„Украина и Русија ќе мора да се повлечат од нивните сегашни позиции за да постигнат сценарио како она во Кореја“, рече Борел и додаде дека тоа значи оти Киев и Москва треба да престанат да бараат, бранат или освојуваат територија.

Договорот за примирје во Кореја, кој сè уште е во сила, беше потпишан во 1953 година од страна на Северна Кореја и САД, во улога на сојузник на Јужна Кореја. Договорот стави крај на воените операции, а требаше да биде основа за иден дефинитивен мировен договор, кој до денес не е реализиран.

Договорот воспостави демилитаризирана зона. „Но, премногу е рано да се размислува за (мировни) преговори“, истакна Борел, кој верува дека сега не е време двете страни да седнат на маса, исто како што не е време да се вложат напори во обнова на земјата.

„Сега мораме да се фокусираме на избегнување на уништување“, рече тој. Борел нема намера да предводи мировни преговори бидејќи, како што тврди, Русија не ја прифаќа Европската унија како посредник.

„Лавров секогаш претпочита директно да разговара со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ отколку со мене, рече тој. Сепак, Борел забележува дека блокот од 27 земји мора да биде на преговарачка маса бидејќи „европските санкции се клучен елемент во какви било преговори и затоа што безбедноста во Европа е наша безбедност“.

Војната во Украина трае веќе девет месеци, што предизвика поскапување на храната, струјата и бензинот, погоди милиони жители на Европската унија и земји надвор од неа.

„Неопходно е да се најде решение за проблемите што ги предизвика војната. Не смееме да се умориме. Путин верува дека демократските општества се слаби поради постојаните дебати што се водат. Тој очекува јавноста да бара прекин на војната, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ.

Борел вели дека негова задача е да им покаже на неутралните земји во светот дека „Русија е негативец, а не санкциите на ЕУ“. Во групата на неутрални наречени Глобален Југ, најчесто се јужните земји како Индија, Пакистан и Кина, како и некои африкански и јужноамерикански земји.

„Бараат од мене да ја прекинам војната. Знам како да ја запрам: со запирање на испораката на оружје за Украина. Но, ако го прекинеме тоа снабдување, какви би биле последиците? Ако Русија победи во оваа војна, таа ќе оди кон следната цел“, заклучи тој.

Борел, кој е поранешен министер за надворешни работи на Шпанија, инсистира на дополнително вооружување на земјите од ЕУ.

„Европа мора да почне да се вооружува ако сака да остане на висината на задачата“, рече тој додавајќи дека земјите мора да се договорат кое оружје ќе се набавува за да не се „преклопуваат“.

„Сепак, таа динамика не може да продолжи бесконечно и неопходно е да се изгради систем кој би ја гарантирал безбедноста во Европа“, додаде Борел.

Тој заклучи дека сегашниот посредник во конфликтот, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), не функционира

Војна во Украина Жосеп Борел Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.