Скотланд Јард му забрани на британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон да доаѓа на работа со велосипед поради можноста да биде мета на терористите, па од сега тој ќе мора да го користи службениот автомобил, објавува британскиот печат.
Контроверзниот министер за надворешни работи на Британија, кој наводно се преселил од областа Излингтон во Источен Лондон во куќа близу Бакингамската палата, познат е по тоа што обожава да патува со велосипед како и на тероијата дека велосипедот ќе го спаси Лондон од сообраќајните гужви.
Меѓутоа од полицијата му било наредено дека ваков вид на движење по градот е многу оапсно, поради функцијата што ја извршува.
Додека беше градоначалник на Лондон, Џонсон редовно на работа доаѓаше со велосипед, а го користеше и кога одеше на деловни состаноци.
Медиумите пренесуваат дека Џонсон, дури и по именувањето на функцијата министер не се откажал од велосипедот и често го гледаат по лондонските улици.
Последен пат е фотографиран во понеделникот.




