Новата премиерка на Британија Тереза Меј го именуваше поранешниот градоначалник на Лондон и еден од главните промотори на Брегзит – Борис Џонсон за министер за надворешни работи, објави Си-Ен-Ен.
Откако Дејвид Камерон ја најави својата оставка како премиер, во јавноста се повеќе се загреаа шпекулациите дека токму Борис Џонсон ќе стане лидер на Конзервативната партија и можеби следен премиер на Британија, но Џонсон во својот говор кон крајот на јуни рече дека во пресрет на несигурноста по Брегзит која ја зафати земјата, потребен е силен лидер но тој не е човекот за таа работа.
Од денеска на местото на Камерон доаѓа новата британска премиерка Тереза Меј. Таа стапува на функција после турбулентните и драматични промени кои настанаа во светски рамки по Брегзитот.



