Бугарскиот премиер Бојко Борисов смета дека по последните настани во Македонија тешко дека предвремените избори закажани за 5 јуни воопшто ќе се одржат.
– Македонија ќе биде трајно дестабилизирана, но се надевам дека не сум во право. Имам информации за намерна дестабилизација на земјите во регионот, како што е Македонија, изјави Борисов пред Советот за безбедност и ги како пример ги посочил обидите на мигрантите да упаднат на македонска територија.
Во меѓувреме и бугарското Министерството за надворешни работи на Бугарија објави соопштение во кое ги повика политичарите во Македонија да го обноват дијалогот. Во соопштението, министерот Даниел Митов вели дека политичарите во земјата треба да работат за „зачувување на општествениот поредок и внатрешната стабилност“.
– Неопходно е земјата да се врати на исполнувањето на обврските од Пржино во целост. Тоа е единствен начин Македонија да ја зачува политичката стабилност, владеење на правото и интегритетот на институциите, без кои не можат да се спроведат фер и демократски избори, стои во соопштението.