Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борисов: Ќе ни се смее цела ЕУ ако стигнеме дотаму Бугарија да ја блокира Македонија

0
By Соња Петрушевска on August 1, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 1, 2019 12:37

„Не сакам ни да помислам дека може да дојде до тоа – јас да кренам рака против Македонија е недозволиво“ одговори премиерот на Бугарија Бојко Борисов на прашањето дали Бугарија може во октомври да го блокира почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

„Ако дотаму стигне работата ќе ни се смее цела Европска унија. Ова прашање е понижување за двете земји – ако јас речам да и мојот колега ќе рече – ако ни ставате такви услови и ние ќе бидеме против“ рече Борисов на заедничката прес конференција со премиерот Заев.

Борисов е  во посета на земјава на двегодишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу двете земји. Тој неколкупати повтори дека Бугарија и тој лично го вложиле целиот свој авторитет изминатите години за евроинтеграциите на Македонија.

„Зоран е сведок како јас сум се борел со Франција и Германија и ние да дозволиме Македонија да биде блокирана не сакам ни да помислам“ рече Борисов.

Борисов побара од комисите на двете земји да работат секојдневно и до октомври да постигнат компромис за Гоце Делчев.

„Јас имам лимит и до знам до каде можам да одам за да не ме обвинат дека сум ја предал историјата. Комисите мора да најдат решение до октомври. Мора да се постигне компромис“ рече Борисoв.

И премиерот Заев очекува комисите да постигнат компромис.

„Ги охрабруваме двете комисии, решивме четири историски личности кои заеднички ги чествуваме. Верувам дека ќе се најде решение и за херојот Гоце Делчев, тој е личност и херој кој нѐ поврзува. Делата на Делчев може само да нѐ поврзуваат и во чест на тоа денеска заедно со Борисов ќе се поклониме на неговиот гроб – порача Заев.

Премиерот посочи оти веќе има ефекти од Договорот, а Европа го препознала ентузијазмот, па затоа догодина Македонија и Бугарија ќе ко-претседаваат со Берлинскиот процес.

Во двете години, рече Заев, се влезени 35 милиони евра инвестиции, но  и наши компании инвестираат во Бугарија.

Борисов и Заев заедно се поклонија на гробот на Гоце Делчев.

 

Борисов Гоце Делчев Договор со пријателство Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.