Бугарскиот премиер Бојко Борисов, при вчерашното обраќање пред партијата ГЕРБ, посочи дека го избегнувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и екс-премиер, Никола Груевски кој неколку пати иницирал средби.
Борисов вели, нему пријател во Македонија му бил лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
– Како што знаете јас со премиерот Груевски не зборувам, не сакам ни добар ден да му кажам, избегнувам секаква средба со него. Повеќе пати сакал, ама избегнувам. И мене не ми се допаѓа што прават таму, но тоа си е нивна македонска работа, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов дополнувајќи дека негов пријател овде бил Заев.