НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борисов победи на изборите во Бугарија

0
By Нова ТВ on March 27, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) освои 32,5 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори, покажуваат првите резултати од Изборната комисија по пребројани 89 отсто од гласовите.

Според тоа, ГЕРБ ја има довербата на 32,58 отсто, што значи за оваа партија гласале малку над 1 милион избирачи, со што би имале  96 пратенички места.

Бугарската социјалистичка партија (БСП) освои 26,82 отсто или 79 пратеници.

Потоа следуваат „Обединети патриоти“ со 9,17 проценти од гласовите или 27 пратенички места. Четврта политичка сила во земјата е етничката турска Партија на права и слободи со 8,93 отсто, односно 26 пратеници и петтата партија која ќе има своите претставници во бугарскиот Парламент е „Волја“ на бизнисменот Веселин Марешки, која го мина цензусот од 4 отсто и, според досегашните резултати, освои 4,11 отсто од гласовите и најверојатно ќе освои 12 места во Парламентот.

Конечните официјални резултати се очекуваат в четврток.

Лидерот на БСП Корнелија Нинова го призна поразот и честиташе на победата на партијата на Борисов, дополнувајќи дека нејзината партија ќе се обиде да формира влада, доколку ГЕРБ не успее.

– Сакаме да им честитаме на победниците, ГЕРБ. Доколку тие не успеат да формираат влада, а ние го добиеме мандатот, ќе се обидеме да формираме Влада со цел да ја осигураме безбедносна на земјата, потенцираше Нинова.

Борисов ГЕРБ избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.