Три здруженија од Босна и Херцеговина ќе го предложат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за Нобелова награда за мир за 2017 година. Како повод е акцијата на туските власти за задушување на воениот удар минатата недела.

– Господинот Ердоган успеа ноќта меѓу 15 и 16 јули да ги одбрани институциите на Турција од модерните варвари со легални и легитимни средтсва и со сесрдна помош и поддршка од народот, како демократски и историски облик на владеење на правото и правната држава, што е следно начело на уставноста и законитоста и темелна вредност на Република Турција. На принципите на творецот на модерна Турција, Кемал Ататурк зачувана е демократска, секуларна, модерна и силна држава во која во целост се почитуваат човековите права и слободи, кои гарантираат рамноправност на сите граѓани на Република Турција, се вели во соопштението на здруженијата Препород Фоча, на демократски правници во БиХ и за Босанско- турско пријателство Босфор.

Тие истакнуваат дека Ердоган со своите соработници успеал да ја сузбие сиромаштијата и криминалот, ја го подигне стопанскиот и економскиот раст на земјата и да ја вброи во 15 најразвиени земји во светот.

– Се што прави Ердоган изминативе 15-20 години придонесува Турција да стане кужа на мир и сламка за спас за бројните бегалци од многуте земји зафатени во војни во 20 и 21 век, се вели во образложението.