Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Босанските лидери убедени се дека нема да има поделба на БиХ

0
By НОВА ТВ on October 19, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Највисоки претставници на Босна и Херцеговина денеска изјавија дека е сериозна политичката криза во земјата, но оти нема да доведе до драматични последици како што е поделбата на земјата, додека опозициските партии во Република Српска повторно испратија порака дека нема да го следат Милорад Додик.

– Нема да има поделба на БиХ и не можам да предвидам што ќе прават политичарите, истакна претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ коментирајќи ги најавите дека Парламентот на РС ќе донесе закони со кои државните вооружени сили ќе бидат прогласени за нелегални до почетокот на ноември, а полициските агенции и судските органи ќе им забрани да работат во РС.

Членот на Претседателството на БиХ, Додик најави и дека веднаш ќе формира своја армија и сите други агенции што ќе бидат еквивалентни на сегашните на државно ниво.

– Изетбеговиќ посочи дека е охрабрувачки што опозициските партии во РС веќе објавија дека нема да ги следат идеите на владејачкото мнозинство предводено од Додик.

Претседателот на парламентарната група на Српската демократска партија (СДА) во парламентот на РС, Миладин Станиќ потврди дека опозицијата нема да гласа за законите што Додик планира да ги испрати до Парламентот на РС.

Тој додаде дека одлуки за промена на власта или улогата на кој било државен орган или агенција може да донесе само Парламентот на БиХ.

– Покрај тоа, дали сте слушнале некој, на пример од Србија, да каже дека ќе ги поддржи плановите на Додик. Никој не го направи тоа, наведе Станиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе го поддржи само она што е во согласност со уставот на БиХ.

Членот на претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ акуелната криза во БиХ ја оцени како најсериозна од Дејтонскиот договор, особено затоа што постојат отворени закани и планови за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ, додавајќи оти верува дека тоа нема да се случи.

– Верувам дека намалувањето на капацитетот на БиХ нема да биде дозволено, иако знаеме дека крајниот план на ретроградните сили е поделба на БиХ, но тие никогаш нема да успеат во тоа, потенцира Џаферовиќ.

БиХ криза политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.