Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошкоски очекува извинување, Мијалков вели нема зошто да му се извини

0
By Нова ТВ on May 7, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 7, 2018 14:41

Оштетениот во случајот „Тортура“ Љубе Бошкоски по одложувањето на денешното рочиште, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека мисли оти првообвинетиот Сашо Мијалков веројатно е подготвен да му се извини, и оти ова прашање треба да му се постави лично на Мијалков.

Бошкоски смета дека да се простува е добро, но да се заборави едно, како што рече, такво мачилиште и еден таков режим низ кој поминала Македонија не смее и не може да се заборави.

– Тој стана да ме поздрави, веројатно да се извини за она што го направил во минатото. Ние за разлика од нив ја имаме таа демохристијанска линија во нас. Ние имаме разбирање. Тие се во исклучително тешка позиција, од најмоќни луѓе во државата сега се во ситуација да се борат за сопствената слобода и ние мора да имаме разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат, рече Бошкоски.

Се надева дека Македонија, како што наведе, се ослободи од тоталитарниот режим и дека тоа време е зад нас.

– Опасностите за рецидивите на тоа време се уште тлеат. Но, мислам дека во Македонија почнува да функционира правната држава, да се враќа правото и земјата почнува да чекори кон поуспешна, поперспективна и правна држава во секој поглед. Држава во која после толку години ќе завладее правото, рече Бошкоски.

На прашање во врска со одложувањето на денешното рочиште, Бошкоски одговори дека објективно е да се очекува да има такви ситуации, бидејќи во овој случај има повеќе обвинети лица.

-Прашање на култура и на бон-тон е поздравување кога ќе поминете покрај некого што го познавате. Доколку некој ги прескокнал овие фази од воспитувањето, тоа е негов личен хендикеп. Не сум му се извинил на Љубе Бошкоски ниту има причина за извинување. Институциите си постапуваа по обвиненијата за криминалот што го имаше сторено и колку што следам, тој процес е затворен со докази, вели Сашо Мијалков, објави Плусинфо.

– Демохристијанските вредности налагаат да се извини тој што лажел и клеветел заради некаква корист. Во духот на овие вредности јас го прифатив извинувањето што Љубе Бошкоски ми го упати пред повеќе од шест години и се надевам дека во иднина ќе внимава и нема да изнесува лаги во јавноста – додаде Мијалков.

Сашо Мијалков и Љубе Бошковски утрово се сретнаа во судницата во Кривичниот суд во Скопје каде требаше да почне судењето за предметот „Тортура“ за начинот на кој беше апсен Бошковски по изборите во 2011 година.

Рочиштето за предметот на СЈО „Тортура“ што денеска требаше да се одржи во Кривичниот суд во Скопје, беше одложено за 13 јуни поради отсуство на третообвинетиот Новица Станковски.

Бошкоски Мијалков Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.