Според Претседателот на БДС, ова ќе претставува и своевиден референдум на Бошњаците во Република Северна Македонија.
Централниот одбор на Бошњачкиот Демократски Сојуз донесе одлука дека партијата со сиот свој капацитет ќе делува и настапува самостојно на претстојните локални избори. Според Претседателот на БДС, господинот Мунир Колашинац, овој настап на локалните избори ќе претставува своевиден референдум на Бошњаците во Република Северна Македонија.
“Чест и задоволство ми е да ја известам јавноста и нашите гласачи дека донесовме одлука да настапиме самостојно на претстојните локални избори. Централниот одбор на БДС силно ја поддржа одлуката и сме навистина горди што за прв пат во историјата на нашата држава една бошњачка партија ќе излезе сама на избори. Нашата цел на овие локални избори е да го покажеме нашиот полн демократски капацитет, да ги оствариме очекувањата на нашите гласачи на кои им должиме многу во изминатите години за секое нивно залагање. Нашата партија која е формирана пред неколку години има цврсти ставови за иднината и развојот на нашето општество и ќе делува за сите заедници како единствена партија.” – изјави претседателот на Бошњачкиот Демократски Сојуз, г. Мунир Колашинац.
Според Претседателот на БДС, ова ќе претставува и своевиден референдум на Бошњаците во Република Северна Македонија.
“Оваа наша одлука покрај своите цели да го покажеме целото наше знаење и капацитет кон решавање на проблемите на нашите граѓани, ќе претставува своевиден референдум за бошњачката заедница во Република Северна Македонија.” – додаде г. Мунир Колашинац.
Бошњачкиот Демократски Сојуз на овие локални избори ќе се бори да го освои секој глас на фер и демократски начин, а во наредните денови ќе ја информира јавноста за своите кандидати со кои ќе се претстави на овие избори и во кои општини ќе имаат свој кандидат и листи на советници. Од партијата во пресрет на изборите им посакуваат успешни, фер и демократски избори на сите учесници.