Над 550.000 луѓе маршираа денеска на улиците на Сеул барајќи оставка од претседателката Парк Гаук Хје, а повеќето беа облечени во костуми на Дедо Мраз.
Учесниците во протестот бараат нејзина итна смена, а во текот на соборот се слушнаа и повици за нејзино апсење. Демонстрантите воедно пееја и божиќни песни со текстови прилагодени на ситуацијата. Меѓу 200 и 300 малди во костуми на Дедо Мраз делеа книги и божиќни честитки на децата со подароци на кои пушуваше „Подароци за децата, лисици за Парк“.
Веќе девет недели во земјата се одржуваат масовни протести против претседатлеката која е вмешана во корупциски скандал.
Парламентот гласаше за нејзино разрешување но таа одлука треба да ја потврди и Уставниот суд. Претседатлеката е осомничена дека во текот на мандатот заедно со нејзината пријателка Чо Сун Сил ја злоупотребила службената положба и вршела притисок врз најдобрите јужнокорејски компании да уплаќаат донации на фондациите што се под нејзина контрола.
Во моментов функцијата претседател ја извршува премиерот на Јужна Кореја. Ју




