Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Браќата Георѓиевски, по десет години, ослободени од обвинение за Ореше

3
By Нова ТВ on November 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судот во Велес ги ослободи од обвинение Ордан и Љупчо Георѓиевски кои беа обвинети дека извршиле нарачано убиство на 72 – годишниот старец од велешко Ореше. По речиси една деценија низ судските лавиринти заврши сагата на двајцата браќа.

Основниот суд во Велес во февруари 2015 година ги осуди тројцата обвинети: 13 години затвор за Ѓоре Петровски, кој беше обвинет дека го нарачал убиството на старецот Лазо Милошевски во 2005 година и по 10 години за браќата Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски.

Судот го прифати обвинението дека Петровски го нарачал и платил убиството на Лазо Милошевски, со кого бил скаран години наназад, а Љупчо и Ордан го убиле старецот во неговата куќа во Ореше.

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ тогаш рече дека било очекувано да добијат осудителна пресуда, гледајќи што се случувало во овој предмет од кој произлезе и предметот „Ликвидација“ кој е веќе правосилен. Адвокатот најави жалба и на оваа пресуда.

Златко Арсовски „Бреза“

Во случајот, заштитениот сведок „Бреза“ ја промени изјавата и тврдеше дека лажел под полициска принуда. Во меѓувреме, Златко Арсовски ваквата изјава ја потврди и на ова судење, а обвинителството против него поведе постапка и е осуден за давање лажен исказ.

Томислав Кежаровски

За случајот зад решетки завршија судии, обвинители, адвокати во случајот Ликвидација.  Жртва во случајот беше и новинарот Томислав Кежаровски кој одлежа неколку месеци во притвор обвинет дека го открил името на заштитениот сведок.

Досие Ликвидација: Како му се судеше на Кежаровски

Бреза Георѓиевски Ликвидација Ореше Томислав Кежаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.