Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Брако“: Згрозени сме од манипулациите, техничкиот прием на модуларната болница беше уреден

0
By НОВА ТВ on September 9, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Компанијата „Брако“ која беше ангажирана за поставувањето на модуларните болници ширум земајва, преку соопштение, изрази најдлабоко сочувство и жалење за вчерашната трагедија во Тетово.

-Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите жртви во вчерашниот пожар. На повредените им посакуваме брзо оздравување. Во врска со вчерашната трагична несреќа во модуларната КОВИД болница во Тетово, а поради зголемениот интерес на јавноста, но и како одговор на и одредени шпекулации кои се појавија во дел од јавноста, би сакале да информираме за следното. Нашата компанија, која работи по највисоките стандарди за квалитет, е испорачувач на модуларни префабрикувани контејнери на споменатата модуларна болница, а во интерес на објективно информирање на јавноста, сакаме да потенцираме дека оној дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет, информираат од компанијата.

Тие нагласуваат дека пред техничкиот прием, сите позиции на работа кои биле нивна обврска се тестирани и проверени, за што впрочем доказ бил уредниот технички прием на објектот, кој е потоа предаден во употреба, а согласно ригорозните стандарди на Светската Банка како финансиер на проектот, преку Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика.

-Во оваа прилика сакаме да напоменеме дека забелешките кои се појавиле при техничкиот прием, а кои се споменуваат од дел од медиумите, беа во најголем дел од естетска природа, и никако не можат да се поврзат со несреќата, а уредно беа отстранети во зададениот рок, а пред пуштање на болницата во употреба. Повикуваме целокупната документација за техничкиот прием да биде објавена од страна на надлежните институции. Нашата компанија ги повикува сите истражни органи, што побрзо да ги расчистат сите околности околу овој трагичен настан, и да излезат со детали од истрагата. Компанијата стои на располагање за стручна помош, информации и соработка со сите надлежни институции, а со цел да се разјасни случајот во најкус можен рок, додаваат од „Брако“.

Нагласуваат дека се згрозени од, како што велат, манипулациите со овој случај и повикаа оваа трагедија и губитокот на човечки животи, да не се користи како средство за дневнополитички и лични препукувања.

-Брако е компанија која работи повеќе од 20 години и е доминантно извозно ориентирана за светксите пазари и извезува во 42 држави, меѓу кои Шведска, Велика Британија, Холандија, Белгија, САД итн. каде исто така се бараат и почитуваат највисоки стандарди. Најостро ги демантираме сите шпекулации чија единствена цел е оцрнување на нашата компанија, а не откривањето на вистинските причини за трагичниот настан. За сите нови сознанија или информации навремено ќе ја информираме јавноста, заклучија од компанијата.

Брако модуларна болница пожар Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.