Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бранко Ѓорѓевски: Влегувањето на МПЦ во семејството на православни цркви е историски чин

0
By НОВА ТВ Terziova on May 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 9, 2022 19:04

Историски чин за нашата црква е одлуката што Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА и воспостави канонско единство, бидејки Македонската Православна Црква е примена како црква во семејството на православни цркви, вели за Нова ТВ Бранко Ѓорѓевски, верскиот аналитичар и новинар.

„Нејзиниот статус и име се уште не се уредени, но ова значи дека нашата црква веќе не е шизматичка, не е расколничка како што тоа и го наметна Српската православна црква од 1967 година кога сме ја прогласиле црковната автокефалност. Нашите црковни достоинственици сега ќе можат да сослужуваат со достоинствениците од другите православни цркви како рамноправни. Но одлуката за тоа ќе ја сноси секоја православна црква самостојно. Од оваа одлука произлегува дека вселенската патријаршија ќе почне со такви сослужувања за нас, да одржува литургија. Сега останува да се види како ќе се однесува СПЦ на која Вселенската патријаршија би и препорачала да ги уреди управните прашања кои ги има со нас“, вели верскиот аналитичар.

Како што дополнува Ѓорѓевски ова значи дека практично значи СПЦ е повикана со нас да разговара околу статусот во иднина.

„Јас не очекувам дека СПЦ ќе се согласи да ја прифати одлуката на вселенската  патријаршија и дека во иднина ќе преговара со нас за нашиот автокефален статус, но тоа тогаш ќе значи дека на сцена повторно ке стапи Вселенската патријаршија која од таква ситуација, како што беше случај со украинската православна црква ќе може да донесе и конечна одлука со која ќе бидеме прогласени за автокефална православна црква“, дополнува тој.

Според него интересно ќе биде и каква ќе биде реакцијата на Бугарската Православна Црква со оглед на тоа што Вселенската патријаршија денеска не призна како Охридска Архиепископија а токму таа сметаше дека она е наследничката.

Благодарност за оваа одлука до Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј
упати и премиерот на Македонија Димитар Ковачевски и посочи дека овој чин е  потврда дека тие стојат на историската мисија и одговорност.
„Иако со овој чин конечниот статус и име сѐ уште не се решени, најважниот и најголем чекор е завршен. Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски ден после 7 децении тотална изолација. Денеска со одлуката на Вселенската Патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни цркви. И оваа одлука на вселенската патријаршија што не признава под име Орхидска Архиепископија значи признавање на континуитетот што го има нашата историска црква со древната Охридска Архиепископија“, напиша тој на својот фејсбук профил. 
Премиерот упати и честитка до Светиот Синод на македонската православна црква и на сите православни христијани.

Крај на 70-годишната изолација: Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА и воспостави канонско единство

Маја Терзиова

автокефалност бранко ѓорѓески Вселенскат патријаршија Македонија Синод
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.