Незадоволството од потезите на владата на премиерот Роберт Фицо излезе на улиците на Словачка.
Илјадници граѓани синоќа протестираа во повеќе градови, изразувајќи силен отпор кон најавените законски измени што, според нив, ја поткопуваат владеењето на правото.
Протестите се одржаа во десет градови, меѓу кои и главниот град Братислава. На Плоштадот на слободата, демонстрантите гласно бараа оставка од премиерот, скандирајќи „оставка, оставка“, додека транспарентите упатуваа остри пораки кон актуелната власт.
Повод за протестите беше неодамнешната одлука на владејачката коалиција, лојална на Фицо, во парламентот да поддржи план за укинување на Канцеларијата за заштита на свиркачите. Овој потег предизвика бурни реакции и критики, како во земјата, така и од меѓународната јавност.
Дополнителни тензии создаде и гласањето за измени во Кривичниот законик, со кои се забранува користење докази прибрани од осомничени што соработувале со полицијата во замена за полесна казна. Според новите правила, таквите докази нема да можат да се користат ниту во случаи кога соработникот дал лажна изјава во друг предмет.




