Пет лица од седуммината што беа уапсени во Белгија беа пуштени. Помеѓу нив е и Мухамед Адбелслам, брат на едниот од терористите од Париз, изјавија судските власти во Брисел.
“Пет лица беа пуштени а двајца се се уште во привремен притвор”, рече бриселското обвинителство.
Според адвокатот на Мухамед Адбелслам, тој бил пуштен без да биде обвинет.
Според белгиските медиуми се очекува во наредните минути или часови да дојде до акција.
Полицијата е многу внимателна поради тоа што акцијата се одвива во густо населен кварт и не сака да почне вооружена акција по секоја цена бидејќи осомничените лица треба живи да се фатат. Освен апсење на осомничени лица, полицијата сака да се осигура дека акцијата нема има колатерални штети и дека безбедноста на сите ќе биде осигурана.
Се бара Абдеслам Салах за кого беше објавена потерница. Полицијата потврди дека го бара токму овој човек кој е главниот осомничен.
Полицијата се уште се подготвува за акција и се обидува да влезе во куќата преку покривот. Пред половина саат се слушна експлозија но полицијата на местото на настанот не дава никакви информации во овој момент.
Пронајдено е сомнително возило во улицата Жозеф II и полицијата го пребарува со службата за дезактивација на експлозиви. Станува збор за сив голф кој бил лошо паркиран и во кој имало документи и една торба.
Полицијата побара од новинарите и граѓаните да не објавуваат слики од интервенцијата поради безбедноста на сите.
Акција на белгиските сили за специјална интервенција започна утринава околу 10 часот во квартот Моленбеек во Брисел кој се наоѓа недалеку од квартот во кој се сместени европските институции.
Досега едно лице е упасено но неговиот идентитет не е откриен.
Полицијата ги пребарува куќите барајќи од жителите во тие куќи да ги стават на прозорец рацете за да се види дали се наоружани. Полицијата потврди дека употребила солзавец.
Втора интервенција се одвива и во европскиот кварт каде што во работен ден има многу движење.
Според сведоците, сомнителна кола е забележана во европскиот кварт и повеќе улици се затворени. На местото на настанот се наоѓа и специјалната служба за дезактивација на експлозиви. Сведоците тврдат дека сомнителната кола има француска регистрација.
Атмосферата во овие делови на Брисел е напната, полицијата бара од жителите и вработените во тие квартови да не излегуваат на улица.