Бразилската полиција уапси тројца за поврзаност во пожарот на бразилскиот ноќен клуб, во кој вчера загинаа 231 лице, во Санта Марија. Сопственикот на ноќниот клуб Кис, член на бендот и шефот на обезбедувањето се испрашани во полиција, додека се трага по четврто лице, кое е ко-сопственик на клубот. Бразил прогласи тридневна жалост во земјата.