Титулата во Копа Судамерикана за оваа сезона ќе заврши во витрините на Шапекоенсе по трагичната авионска несреќа во која настрадаа, речиси, сите играчи на бразилскиот клуб. До вакво сознание стигна ТВ куќата „Глобо“, но КОНМЕБОЛ, највисокото фудбалско тело на Јужна Америка, од неколку причини сè уште тактизира со официјалната потврда.
Пред сè, се наведува дека „не е ниту време ниту место“ да се говори за спортскиот дел на оваа приказна додека многу луѓе преживуваат навистина тешки моменти. Потоа и Советот на КОНМЕБОЛ закажа седница на 21 декември и пред неа не смее да носи никакви одлуки, а против таквата би можеле да се јават многу страни, па затоа и се чека вистинскиот момент за расправа и прогласување на освојувачот на Купот по административен пат.
Доколку навистина дојде до таков исход, тогаш Шапекоенсе, во т.н. Рекопа Судамерикана или Суперкуп на Јужна Америка, повторно ќе треба да игра против Атлетико Насионал. Колумбискиот клуб од Меделин кој во јули оваа година триумфира во Копа Либертадорес, јужноамериканска Лига на шампиони.