Најмалку 220 луѓе загинаа во пожар што го зафати еден ноќен клуб во јужниот дел на Бразил, јавува Би-би-си, повикувајќи се на изјавите на полицијата.Тие велат дека пожарот почнал кога бендот на сцената почнал со огнометот во ноќниот клуб “Кис” во градот Санта Марија, Рио Гранде до Сул. Извештаите велат дека имало само еден излез и паниката почнала да се шири, откако луѓето се обиделе да излезат. Многу жртви починале од вдишување на отровни гасови. “Пожарникарите се во потрага по другите жртви. Ние не можеме да дадеме точен број на жртвите. Луѓето се испаничија и бегаа едни врз други”, изјави шефот на пожарникарската служба, Гвидо де Мело за локалните медиуми. Според новинарски извештај за локалното радио, ноќниот клуб има капацитет до 2.000 луѓе и се верува дека бил преполн синоќа.