Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит часовникот покажува дека мора побрзо да се преговара

0
By Светлана Јовановска on February 28, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Часовникот чука, а времето е кусо. Овие зборови на Мишел Барние, европскиот преговарач за излезот на Велика Британија од ЕУ, изречени вчера, беа повторени и денес додека тој ја презентираше позицијата на ЕУ сумирана во нацртот на Повелбата за Брегзит.

Барние алудира на тоа дека останува само една година до фиксираниот датум за Брегзит – 29 март 2019 година – кус период за комплексни преговори што треба да бидат завршени и ратификувани до тој датум. Но најтешкиот дел на овие преговори се уште не започнал. Европјаните им забележуваат на Британците дека доцнат со нивните барања бидејќи во земјата има поделба за ова прашање помеѓу власта и опозицијата.

За да може излегувањето на Велика Британија да се одвива без проблеми и непредвидени удари “преговорите треба да бидат завршени до есента 2018 година”, изјави Барние.

Документот на 120 страни со правен речник го исцртува компромисот од европски аспект во неколку главни точки.

Правилата на периодот на транзиција што ЕУ го фиксира за 31 декември 2020 година, последниот ден на долгорочниот буџет на ЕУ. Лондон би сакал тој период да биде подолг во очекување да бидат договорени, помеѓу Лондон и Брисел, нови трговски договори. Но, според Барние, тоа тешко може да се оствари.

За време на периодот на транзиција, Велика Британија ги губи правото на глас и одлучување во ЕУ, но мора да се придржува на сите права и регулативи во ЕУ усвоени во периодот на транзиција иако Лондон не учествувал во нивното донесување. Лондон стави на знаење дека не е подготвен да ги прифати овие услови.

Втората точка е проблемот околу островот на двете Ирски, границата помеѓу Ирска, членка на ЕУ, и британскиот регион Северна Ирска. Според ЕУ, Северна Ирска треба да остане дел од царинската унија на ЕУ но со тоа би била воведена трговска граница во морето помеѓу Велика Британија и нејзиниот ирски регион. Прашањето е како ова сценарио ќе се вклопи во желбата на Лондон да излезе од единствениот европски пазар и царинската унија и како да се избегнат нови посебни правила помеѓу регионот Северна Ирска и Велика Британија. Овој проблем задава главоболка кај двете страни во преговорите и допрва ќе биде преговаран.

Тука е и проблемот со Европскиот суд на правдата кој треба да го задржи правниот авторитет во можните спорови што би произлегле од Брегзит Повелбата вклучително и сите спорови за правата на граѓаните или финансиските обврски на Велика Британија кон ЕУ.

И конечно, проблем се и правата европските граѓани што се иселени во Велика Британија. ЕУ смета дека Велика Британија треба да ги гарантира правата на европските граѓани што живеат на нејзината територија за време на целиот транзициски период.

Овој документ ќе биде дебатиран помеѓу земјите членки и усвоен, како преговарачки водич, на следниот самит во март.

А во петок британската премиерка Тереза Меј треба да одржи говор во кој ќе ја даде нејзината визија за пост-Брегзит односите помеѓу двете страни.

брегзит Брегзит Повелба Велика Британија ЕУ Ирска Мишел Барние Северна Ирска транзициски период
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.