Published: Thursday, June 23, 2016 23:57
Според YouGov, анкетна фирма, се чини дека Велика Британија одлучила да остане во Европската унија. Но, официјалните резултати ќе бидат познати дури во петок рано наутро. Според фирмата, 52 отсто гласале гласале за останување во ЕУ а 48 отсто за излез.
Британското гласање во Брегзит референдумот заврши и сега почнува броењето на гласови на двете кампањи – онаа за останување на Обединетото Кралство во ЕУ (“Remain”) и онаа за излегување од ЕУ (“Leave”).
” Се чини дека останувањето во ЕУ добило повеќе гласови”, изјави на Скај Њуз Најџел Фараџ, еврофоб, европски пратеник и голем приврзаник за излез од ЕУ.
Сандерленд, град на северо-истокот на Англија, ќе биде првиот што ќе ги соопшти резултатите.
Британците масовно излегоа да гласаат но се уште не е позната излезноста. Поголема излезност значи подобри шанси за победа на кампот за останување во ЕУ. Денешниот ден во Велика Британија беше дождлив па многумина од овој камп стравуваат дека тоа можеби ја намалило изленоста на приврзаниците за останување во ЕУ.




