Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит нема да влијае врз проширувањето на ЕУ

0
By Нова ТВ on July 5, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на Франција и на Германија им порачаа на земјите од Западен Балкан дека британското гласање за напуштање на Европската унија нема да биде закана на евентуалното проширување на Унијата.

– Одлуката на Велика Британија на никаков начин нема да влијае врз ангажманот на ЕУ кон балканските земји, во согласност со условите кои се поставени пред нив. Ова беше потребно да се нагласи, бидејќи ние дадовме збор“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по самитот за Западен Балкан што се одржа во Париз.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги увери земјите од југоисточна Европа дека таа е посветена да ги води кон Европската унија, и покрај тоа што блокот се соочува со кризата предизвикана од одлуката на Обединетото кралство да ја напушти унијата.

Забелешките на Меркел искажани вчера на Конференцијата за Западен Балкан, која беше организирана од францускиот претседател се сигнал дека Германија го оддржува дипломатскиот притисок да го стабилизира регионот кој се интензивираше откако Русија го анектираше Крим од Украина во 2014 година.

-Беше многу важно да се нагласи дека перспективата за членство на земјите од Западен Балкан останува недопрена,” изјави Меркел. “Одлуката што ја донесе Велика Британија не го менува тоа на било кој начин. Тоа е она од што овие земји се плашат“, рече таа.

Дека проширување на ЕУ ќе продолжи и притоа е важно европските институции да бидат кредиблни во тој процес, потврди и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по самитот.

Според неа, проширувањето на ЕУ е многу важно за мирот и стабилноста, но исто и за интересот што Европејците го имаат за напредување на балканскиот регион кон Европската унија. „Овој Самит е важен и за нашата безбедност, бидејќи миграциската криза се уште постои и ризикот од радикализација во регионот не обврзува да работиме заедно. Ова е важен состанок тука и ќе работиме и на дневно ниво за да го направиме овој процес реалност за секоја од шесте земји од Балканот, изјави Могерини.

На Самитот во Париз беа шефовите на држави или влади на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Италија и претставници на ЕУ. Домаќин беше францускиот претседател Франсоа Оланд.

Во Декларацијата издадена од Елисејската палата стои дека „повеќе од кога било, владеењето на правото е во центарот на процесот на проширување, особено во однос на реформите во правосудството, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и целосното почитување на основните човекови права“.

Учесниците потпишаа договор да ја засилат размената помеѓу младите, како начин за надминување на последиците од војните во регионот во 1990-тите и надминување на етничките и национални бариери. “Се занимаваме со политички процеси, кои се уште не се лесни”, рече Меркел.

Ова е трет Самит меѓу ЕУ и балканските земји. На самитот учествуваат шефови на држави и влади и министрите за надворешни работи и економија. Ќе биде организиран и Бизнис форум на кој ќе се разговара за можни инвестиции.

 

брегзит ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.