Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит прогнози: Курсот на фунтата како најголем предизвик за македонското стопанство

0
By Нова ТВ on February 5, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Различни се прогнозите на македонското стопанство во однос на Брегзит. Според помалите фирми, излегувањето на Велика Британија од ЕУ, што и официјално се случи на 31 јануари годинава, може негативно да се одрази врз бизнисот и врз странските директни инвестиции. Големите компании се воздржани. Рано е, велат, за какви било оценки со оглед на претстојниот „транзициски“ период од 11 месеци во кој Британија и натаму останува дел од заедничкиот европски пазар и од Царинската унија.

„Во услови кога е фаза на дефинирање на трговски договор на државно ниво, бизнисот сè уште нема промени. Имајќи предвид дека преостанува период од 11 месеци, за очекување е дека бизнисот навреме ќе биде вклучен во активности што треба да произлезат за дефинирање на условите на водење бизнис“, кусо коментираат од Стопанската комора на Македонија.

 

Поконкретен е ставот на Сојузот на стопанските комори (ССК). За мала економија како нашата, нагласуваат од ССК, најзначаен е трговскиот канал за размена на стоки со британските компании. Оттука, ССК очекува да продолжат да важат актуелните билатерални и мултилатерални договори меѓу нашата држава и ЕУ, да се применуваат во билатералните односи со Обединетото Кралство за време на преодниот период до 31 декември во 2020 година и во кој треба да се дефинираат нови царини и други правила на игра.

„Прогнозите за Брегзитот се дека може да донесе некој вид рецесија во британската економија и да има неповолни ефекти врз динамиката и обемот на економската активност. Ефектите врз нашата земја ќе зависат најмногу од ефектите врз ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер. Негативен ефект може да почувствуваме преку нашите трговски партнери од ЕУ. Ако нивната економија затаи, тогаш може побарувачката од тие држави да биде помала. Исто така, доколку се наруши финансиската состојба меѓу финансиските посредници во ЕУ по излегувањето на Велика Британија, може да има негативни ефекти врз странските директни инвестиции“, истакнуваат од ССК.
Ефект, но помал, додаваат, може да се почувствува и од евентуалната промена на курсот на фунтата.
Според Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), од самиот почеток на преговорите што се одржаа во рамките на Брегзит се почувствува првиот контраефект, а тоа е падот на британската фунта.
„Освен последиците што ги доживува и ќе ги доживува британската економија, европските земји, исто така, ќе страдаат, бидејќи британската економија е една од најголемите во светот и доколку не се постигне договор меѓу ЕУ и Обединетото Кралство, тоа ќе значи дека извозот и увозот ќе бидат подложени на плаќање царина. Истото може да важи и за нашата држава, бидејќи Брегзитот без договор со ЕУ ќе ја направи земјава трета страна спроти Велика Британија. Велика Британија е 11-та земја со која имаме најмногу трговска размена во рамките на извоз и 19-та кога се зборува за увоз. Сметаме дека треба да се регулираат односите со неа во форма на билатерален договор за слободна трговија доколку првичниот договор со ЕУ не се финализира“, посочуваат од СКСЗМ.
Од оваа Комора се надеваат дека воведувањето на царините ќе биде во рамки на Светската трговска организација (СТО) за да не се оптоваруваат нашите производи што се извезуваат на британскиот пазар.
„За нашите бизниси, најголем предизвик е евентуалниот пад на вредноста на фунтата и тоа е нешто за што треба да бидат претпазливи нашите компании што извезуваат во Велика Британија“, потенцираат од СКСЗМ.
Од Комората за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) се децидни дека засега нема какви било пречки во работата на некои од нивните членки.
Велика Британија официјално излезе од ЕУ на 31 јануари годинава и до 31 декември, генерално, ќе се придржува до европските правила. Вистинските големи промени треба да почнат по завршувањето на овој „транзициски“ период. Засега Британија останува дел од заедничкиот европски пазар и од Царинската унија, но нема да има право на глас во Европскиот парламент, ниту нејзините министри ќе учествуваат на важни состаноци.
До крајот на годината, земјата ќе уплатува средства во буџетот на ЕУ и оттаму ќе добива пари за проекти. Британските државјани веќе не се државјани на ЕУ, но и натаму ќе можат слободно да патуваат и да работат во земјите од Унијата.
брегзит економија курс Македонија Прогнози Фунта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.