Бучковски и Незири со прогноза за изборите: Мртва трка што ќе се решава во фото-финиш

Двајцата упатуваат на израмнета борба меѓу ривалските коалиции „Можеме“ на СДСМ и „Обнова на Македонија“ за ВМРО-ДПМНЕ со прогноза за разлика од два мандата за победникот. Блага предност во албанскиот блок му даваат на ДУИ во однос на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Бучковски прогнозира дека во новиот состав на Собранието ќе бидат и ДПА и Левица

ЕБОР: Пад на македонскиот БДП од 3,5 отсто оваа година и раст од 5,5 отсто за наредната

Во извештајот на Европската банка за обнова и развој се предвидува дека на долг рок корона-кризата ќе има умерено влијание врз економијата, при што се очекува економскиот раст да продолжи кон крајот на третиот квартал од годинава, но се нагласува дека доколку мерките на изолација останат во сила многу подолго од предвиденото, рецесијата може да биде многу поголема, па нивото на економски раст од 2019 година нема да може да се достигне во наредните неколку години

Брегзит прогнози: Курсот на фунтата како најголем предизвик за македонското стопанство

Според помалите фирми, излегувањето на В. Британија од ЕУ може негативно да се одрази врз бизнисот и странските директни инвестиции. Големите компании се воздржани. Рано е, велат, за какви било оценки со оглед дека Обединетото Кралство останува дел од заедничкиот европски пазар и од Царинската унија до крај на годината