– На Владата и е многу јасно каков е ставот на Парламентот по ова прашање. Парламентот ќе гласа да не се излегува без договор од Европската унија. Во тоа сум прилично уверен, изјави Хамонд за Би-Би-Си.
Британските пратеници на 15 јануари гласаа против предлог договорот на премиерката Тереза Меј, а ново гласање се очекува на 12 март. Датумот што Меј го одреди за Брегзит е 29 март.
Портпаролот на британската премиерка Тереза Меј вчера изјави дека последната рунда разговори за Брегзит меѓу Велика Британија и Европската унија беа тешки, со енергична размена на мислења, додавајќи дека двете страни планираат да продолжат да разговараат.
Проценката се совпаѓа со оценките на дипломатите од ЕУ, кои рекоа дека вчерашните разговори меѓу државниот обвинител и правен советник на британската Влада Џефри Кокс и преговарачот на ЕУ Мишел Барние не резултираа со корегиран договор.




