Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзитот во ќор-сокак

0
By Светлана Јовановска on August 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе има или ќе нема договор помеѓу Лондон и Брисел? Прашање на кое се уште нема дефинитивен одговор а денот на излегувањето на Велика Британија од ЕУ се доближува со големи чекори.

Идните односи помеѓу Велика Британија и ЕУ предизвикуваат главоболки од двете страни на Ла Манш.

На 29 март 2019 година оваа земја повеќе нема да биде членка на ЕУ. За да може овој развод да се одвива без криза, иницијален договор е потребен веќе во октомври за самитот на ЕУ лидерите на кој Брегзит ќе биде главна тема.

Кој е виновен за ќор-сокакот?

Мишел Барние и Лиам Фокс

Лиам Фокс, државниот британски секретар за меѓународна трговија, пред два дена изјави дека хипотезата за Брегзит без договор помеѓу Лондон и Брисел е најверојатната. Фокс вината ја фрла врз Европската комисија (ЕК) која, според него, е престрога во преговорите.

Фокс во изјавата зборува за британскиот план за Брегзит, план што му беше презентиран на Мишел Барние, главниот европски преговарач во ова досие. Планот го доби името Чекерс и предвидува креирање зона за слободна размена за добра и земјоделски производи помеѓу ЕУ и Велика Британија. Голем дел од овој план се однесува на најтешкиот проблем во овие преговори – границата помеѓу Република Ирска и Северна Ирска.

Барние го отфрли овој план. Според Фокс, планот е отфрлен затоа што “содржи решенија што досега никогаш не биле применети”, изјави Фокс.

Загрижен е и гувернерот на Банката на Англија Марк Карни поради “високиот непријатен ризик” на излегување на Велика Британија од ЕУ без договор.

Според Барние, 80 отсто е работата за договорот е завршена но остануваат најчувствителните 20 отсто помеѓу кои токму границата помеѓу двете Ирски, една независна држава а другата дел од Велика Британија.

Премиерката Тереза Меј се уште верува дека може да се постигне добар договор со Европјаните за излезот од ЕУ, изјави вчера нејзиниот портпарол.

“Ние и понатаму мислиме дека добар договор веројатно ќе има бидејќи добриот договор не е само во интерес на Велика Британија туку и во интерес на сите 27 членки на ЕУ”, рече тој.

Преговорите за Брегзит се во ќор-сокак веќе повеќе месеци, откако двете страни влегоа во суштината на преговорите, и не е исклучено да не се постигне заеднички договор кој ќе ги утврди модалитетите на напуштањето на Велика Британија на ЕУ.

Хаотични сценарија

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година. Доколку до тогаш Брисел и Лондон не постигнат договор, нема да има транзициски период за Велика Британија кој треба да трае до крајот на 2020 година. Тоа значи дека нема да бидат решени клучните прашања: границата со Северна Ирска, и оттаму заштитата на внатрешниот пазар на ЕУ, правната заштита на граѓаните на ЕУ во Велика Британија, односно дали за нив сѐ уште ќе важат одлуките на Европскиот Суд за Правда, и за крај нејасно е какви ќе бидат трговските односи помеѓу ЕУ и Велика Британија.

Во тој случај, предупредува Европската Комисија во еден документ, сите треба да бидат подгтовени за повеќе сложени сценарија, меѓу другото дека граѓаните на ЕУ со престој во Велика Британија нема повеќе да бидат заштитени со правото на ЕУ и дека можат да се најдат во легално неизвесни ситуации, можни се и значајни гужви на границите со Велика Британија поради гранични контроли и проверки поради што треба да се очекуваат доцнења во транспортот.

-Иако напуштањето на Обединетото Кралство се чини дека се одвива на високо и апстрактно ниво, неговите последици ќе бидат многу реално за граѓаните, професионалците и бизнис операторите, стои во документ на ЕК.

Нов референдум?

Во Велика Британија се слушаат повици за нов референдум, особено кај помладата популација. Во тек е и собирање потписи за ново граѓанско изјаснување, петиција на граѓанска иницијатива.

Расте и притисокот врз лидерот на опозицијата Џереми Корбин за да поддржи нов референдум, без оглед на тоа дали ќе има или не договор помеѓу Лондон и Брисел, јавува денес агенцијата Блумберг.

Идниот месец се одржува годишната конференција на Лабуристите па доколку притисокот врз Корбин биде успешен, многу е извесно дека ќе има нова граѓанска консултација.

И влијателниот европратеник Елмар Брок во јули сугерираше дека втор референдум за Брегзит би можел да понуди излезно решение.

Елмар Брок

-Референдум во декември или јануари, што е клучното гласа за повлекувањето од ЕУ би можело да биде начин да се избегне “тврд Брегзит“. На ова тешко искушение може да му се стави крај со нов референдум за Брегзит како таков, изјави Брок.

Брок исто така смета дека во случај на нов референдум, ЕУ треба да се инволвира во изборната кампања и изрази жалење што владата на Дејвид Камерон во 2016 година одби ЕУ да биде вмешана во референдумската кампања за Брегзит.

-Грешка беше што ги следевме желбите на Премиерот Камерон и останавме вон кампањата. Требаше да се соочиме со лагите за поддржувачите на Брегзитот многу поагресивно, изјави Брок.

Елмар Брок е координатор на најголемата политичка демо-христијанска група во Европскиот Парламент и близок соработник на канцеларката Ангела Меркел.

брегзит Велика Британија Елмар Брок ЕУ Лиам Фокс Мишел Барние референдум транзиициски период
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.