Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бремена жена е осудена на три месеци затвор иако платила алиментација

0
By Менче Атанасова Точи on January 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цвета Пешовска, невработена мајка на три деца е осудена на три месеци затвор поради неплатена сума за алиментација за нејзините две деца чиј старател е  поранешниот сопруг. Оваа 32 годишна жена за НОВА тврди дека и покрај тоа што уплатила 44 000 денари и уплатницата ја приложила кон жалбата, судот одлучил Пешевска да оди во затвор. Решението стигнало денеска.

Цвета долго време не била вработена така што се насобрала сума од 75 000 денари од кои 31 000 денари успеала да плати. За останатите 44 000 денари помогнаа да се соберат жените и самохраните мајки од Фејсбук групата  на Една може.

„Се шокирав кога утринава ми стигна решение од Граѓанскиот суд дека жалбата ми е одбиена и дека треба да лежам три месеци во затвор. Не знам како можеле да донесат таква пресуда кога уплатницата од која се гледа дека парите се уплатени беше приложена со жалбата. Не успеав да го дочитам образложението до крај, ми се стемни пред очите“, раскажува за НОВА, Пешевска.

Оваа млада жена е бремена и веста многу ја вознемирила. Таа раскажа дека откако се развела со поранешниот сопруг во 2011 година, имала проблеми бидејќи цела година не и дозволувал да ги види децата. Сега вели дека ги гледа само во сабота од 10 до 19 часот, синот кој има 14 и ќерката 10 години.  Цвета во меѓувреме повторно се омажила и од вториот брак има едно дете, второто е на пат.

„Никогаш не сум се согласила децата да бидат кај него иако во документот од Центарот за социјална работа напишале така. Не знам како можеа да го направат тоа“, рече Пешовска.

Цвета нема право на повторна жалба и не знае која ќе биде разврската од судкиот процес. Таа се надева дека судиите ќе ја коригираат одлуката бидејќи, смета дека е направена груба грешка.

затвор мајка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.