Се движела со сопругот кога згазнала на шахтата, металните капаци се поместиле и таа се струполила од височина од околу три метри.

Бремена жена паднала во шахта во близина на Централната пошта во Софија, пишува „БНТњуз.бг“.Жената имала 38 години. Се движела со сопругот кога згазнала на шахтата, металните капаци се поместиле и таа се струполила од височина од околу три метри.

Жената веднаш била пренесена во Пирогов, каде лекарска екипа ја прегледала, пренесуваат бугарските медиуми.

Полицијата врши увид на лице место. Пристигна и екипа од општина Софија.