Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел:  Албанија отвори нов кластер во преговорите за членство во ЕУ

0
By Zoran Ivanov on September 16, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е кластер 4, кој се однесува на зелената агенда и одржливата поврзаност и вклучува четири поглавја за преговори: транспорт (14), енергија (15), трансевропски мрежи (21) и климатски промени (27).

Албанија врши импресивна работа. Ако продолжи со ова темпо, ќе ги отвори сите кластери оваа година“, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, пред шестата конференција за пристапување на земјата.

Откако ги отвори преговорите во јули 2022 година, оваа земја значително го забрза спроведувањето на реформите.

По скринингот во текот на таа и следната година, Албанија го подготви теренот за забрзување на процесот.

Во октомври минатата година беше отворен Кластер 1, кој се однесува на основните права, а во декември беше отворен Кластер 6, кој ги опфаќа надворешните односи, додека уште два беа отворени во април и март оваа година.

По скринингот во текот на таа и следната година, Албанија го подготви теренот за забрзување на процесот.

Во октомври минатата година беше отворен Кластер 1, кој се однесува на основните права, а во декември Кластер 6, кој ги опфаќа надворешните односи, додека уште два беа отворени во април и март оваа година: Кластер 2, кој го вклучува внатрешниот пазар, и Кластер 3, кој ги вклучува конкурентноста и инклузивниот раст.

Доколку се остварат предвидувањата на Марта Кос, до крајот на годината Албанија ќе мора да отвори само уште еден – кластер 5, кој ги опфаќа ресурсите, земјоделството и кохезијата.

Марта Кос потсетува дека процесот на проширување се базира на резултати.

Албанија покажува дека позитивните промени се можни со силно лидерство. И ако тие го направат својот дел, Европската комисија ќе го направи својот дел и ќе обезбеди поддршка од своја страна, рече таа.

Комесарката за проширување ја искористи можноста да испрати порака до другите земји од регионот, посочувајќи дека улогата на владата е клучна за процесот на пристапување кон Европската Унија.

Гледаме дека постојат разлики во земјите-кандидатки и една од клучните улоги во процесот на проширување е онаа на владата на една земја. Ако владата навистина покаже проевропска ориентација, тогаш граѓаните добиваат чувство дека земјата се движи во вистинската насока, изјави Кос за новинарите пред почетокот на конференцијата со Албанија.

Таа додаде дека ЕК ја поддржува визијата на Владата на Албанија, предводена од Еди Рама, таа земја да ги заврши преговорите за пристапување до крајот на 2027 година.

 

Албанија ЕУ кластер пристапни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.