Евро- комесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром денеска во Брисел ги предупреди политичките претставници на зголемувањето на ксенофобијата, насилниот екстремизам и популизам во Европа:

„Уште од Втората светска војна екстремизмот и популистичките сили немале толку многу влијание на националните парламенти како што имаат денес. Потребно ни е повеќе европски лидери да го искажуваат своето противење на растечкиот радикализам.

– Мораме да имаме храброст да ги заштитиме нашите заеднички европски вредности”.