Published: Thursday, October 30, 2014 09:33
На трилатералната средба во Брисел за гасот синоќа не беше постигнат договор, a се очекува преговорите меѓу Украина и Русија со посредство на ЕУ да продолжат денеска.
Главниот спор е прашањето за финансиската поддршка на ЕУ за Украина, за да може Нафтогаз да исплати дел од долгот кон Газпром и да ги плаќа авансно новите порачки.
Еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер прави се што е можно да издејствува договор за да ги гарантира испораките за Европа на рускиот гас, што транзитира преку Украина.




