Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел под стрес – доаѓа Трамп!

0
By Светлана Јовановска on May 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првото патување во странство на американскиот претседател Доналд Трамп ќе трае 7 дена и ќе го води во Саудиска Арабија, Израел, палестинските територии, Ватикан, Италија (каде што се одржува состанок на Г7) и Брисел на самит на НАТО.

Ова прва патувањо на важни места на кои Трамп треба да се сретне со важни соговорници и да испрати значајни пораки, се случува во не баш најдобар момент кога Белата куќа се наоѓа среде куп проблеми околу врските на изборната кампања на Трамп и Москва.

Денес во Ријад Трамп склучи договор за продажба на оружје на Саудиска Арабија во вредност од 110 милијарди долари.

Не знаеме каква е атмосферата во другите земји во кои патува Трамп, но Белгија на чело со Брисел се влезени во вистински турбуленции. Не е лесно да се дочека претседателот на САД и да се обезбеди беспрекорно функционирање на безбедносните и протоколарните служби а истовремено животот и сообраќајот во престолнината да се одвиваат без поголеми застои. Особено кога повеќе организации најавуваат протести за време на престојот на Трамп за да му стават на знаење дека не е добредојден во Европа.

Освен Трамп, во Брисел доаѓаат и канадскиот премиер Џастин Трудо но и сите премиери и претседатели на земјите членки на НАТО.

Но, Американците не ги оставаат домаќините сами да се мачат во оваа исклучително напорна и одговорна задача. Пред секое доаѓање на американски претседател, месец дена претходно стасува цела армија претставници на Белата куќа, на разузнавачките служби и на војската на САД.

Секоја сала во која претседателот треба да влезе или помине е микроскопски истражувана од страна на американските безбедносни служби. Се испитуваат телефонските линии, се бира која болница би требало да стапи на сцена доколку нешто му се случи на претседателот, се испитува патот по кој ќе помине претседателскиот автомобил…

Цел на оваа долга и детална подготовка е решавање на секој можен проблем пред претседателот на стапне на белгиско тло.

Познато е дека американските претседатели патуваат со познатиот авион Ер Форс 1 со десетици советници, тајни агенти и новинари, со посебен авион доаѓа персоналот од Белата куќа а со воен авион сите подиуми од кои Трамп ќе држи говор како и блиндираното возило на претседателот.

Со посебен авион доаѓа и блиндираната кола на претседателот наречена “Sвер”

 

Се мора да биде под конец и посетата не смее да има ниту најмал пропуст. Сепак, многумина стравуваат дека Трамп и неговата вербална опуштеност би можеле да донесат гафови за време на изјавите и разговорите со високите политичари. И држат среќа тоа да не случи.

Тајните агенти истовремено не дозволуваат несакани лица да му пријдат на претседателот дури и ако тие лица се дел од делегациите на меѓународните настани и самити. Секој разговор на претседателот е однапред планиран.

Така, од пред десет дена е планиран ручекот на Трамп со новиот француски претседател Емануел Макрон. Според претставник на Белата куќа Макрон и Трамп ќе имаат “долг ручек”. Долго се шпекулираше дека Трамп посакувал во Елизејската палата да влезе екстремната десничарка Марин Ле Пен.

Но, според истиот претставник на американската администрација “Трамп бил импресиониран од убавата победа на Макрон”. Тој додава дека двајцата претседателите не делат секогаш ист став за работите но нема сомнение дека ќе најдат заеднички јазик особено за најзначајните теми на кои ќе разговаат како тероризмот и економијата.

И додека белгиските безбедносни служби се под стрес поради посетата на Трамп но и другите шефови на држави во текот на два, за нив многу долги, денови, на 24 и 25 мај во центарот на Брисел се организира протест под мотото “Трамп не е добредојден”. Слични акции ќе има и пред седиштето на НАТО во Брисел.

Брисел Доналд Трамп посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.