Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел прави фатална грешка со Северна Македонија

0
By Соња Крамарска on March 15, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА
Жозеп Борел
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 15, 2022 15:37

Посетата на Борел беше и помина а одгласите од пораките што ги прати уште долго ќе се вртат низ јавноста која со право очекува Европската Унија да го исполни својот дел од планот Северна Македонија да ги почне преговорите за членство.

Брисел прави фатална грешка со оставањето на Северна Македонија надвор од европското семејство, бидејќи проевропските сили кои се сега на власт во земјава, може многу лесно да бидат заменети со проруски односно антизападни сили. Владата веќе не го крие разочарувањето од застојот во европската агенда, се бори со тенко мнозинство во парламентот, а ВМРО-ДПМНЕ чека на следниот агол да ја зграпчи власта. Неуспехот да се почнат преговорите дополнително ја отежнува позицијата на Владата и придонесува кон натамошно опаѓање на нејзината популарност. Од друга страна, не е тајна дека мнозинството членство и симпатизери на ривалската ВМРО-ДПМНЕ чиј рејтинг е во пораст, се воздржани кон осудата на Русија за инвазијата на Украина или дури и отворено ја поддржуваат. Не е тешко да се претпостави и дека антизападното расположение во земјата доаѓа од истите кругови.

Очекувањата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени односот кон Запад кога ќе дојде на власт се наивни, бидејќи партијата има тридецениска константа по тоа прашање и ќе ја одржува се додека економските и политичките стандарди во државата се ниски, а ќе пораснат дури кога ќе влеземе во ЕУ. Впрочем, доволно е да се потсетиме на јавањето на популистичкиот бран на владата на Груевски во однос на спорот со Грција и игнорирањето на стратешкиот интерес на земјата да се приклучи кон НАТО. Истиот однос ќе го има ВМРО-ДПМНЕ и кон спорот со Бугарија доколку ја освои власта.

Состојбата во Украина исто така го потхранува антизападното расположение и ја остава Владата на премиерот Димитар Ковачевски на бришан простор. Колку и да држат анализите дека Русија ќе ја загуби војната што ја поведе во Украина, сосема е сигурно дека ниту Украина нема да ја добие војната бидејќи е разрушена, ќе треба да гради инфраструктура и институции од нула, а тоа ќе оди во прилог на дискусиите дека Западот ги остава на цедило владите кои соработуваат со него. Зацврстувањето на тој наратив може да го зголеми притисокот врз Ковачевски да ги стави во мирување разговорите со Бугарија а членството во Унијата да биде ставено ад акта на подолго време. По фијаското што се случи на владата на Заев чиј колапс делумно се должи и на потфрлањето на Брисел кон Македонија, уште еден наратив во истата насока би бил катастрофален и за државава но и за Европската Унија па и за НАТО.

По 24 февруари сликата за Европа е значително изменета, не само геополитички туку и во безбедносна смисла. И затоа сите процени за политичката и безбедносната ситуација на континентот претрпеа измени, а политиката се повеќе се води во превентивна насока. Оттука вчерашните пораки на Жозеп Борел колку и да се надвор од неговото портфолио на претставник на Унијата за надворешна и безбедносна политика, изгледаат несинхронизирани со актуелната безбедносна и политичка ситуација во Европа од чиј дел е и Балканот.

Не е јасно што чека Унијата и зошто брзо не го „анексира“ Западен Балкан во своите граници наместо да остава простор за некоја трета страна да изврши политичка анексија која долгорочно ќе ги остави државите од тој дел на Балканот надвор од влијанието на ЕУ. И зошто се дозволува опструирачки политики на земји членки кои континуирано зависат од европска финансиска помош да ја попречуваат стратегијата на ЕУ за ширење во регионов, а по најновите случувања во Украина и да ја загрозуваат неговата и европската безбедност.

Од денешниот брифинг на шефот на дипломатијата Бујар Османи може да се извлече заклучок дека Македонија веќе нема идеи како да ја надмине блокадата од источниот сосед. Пресушија идеите и во Брисел. Реториката што се слуша е дека се разговара, дека се бара заеднички прифатливо решение, дека средбите се зачестени, дека двете држави имаат поддршка сами да најдат решение, и други празни фрази кои не значат ништо.

Министерот за надворешни работи резигнирано констатираше и дека Западен Балкан е портата на ЕУ која ги чува членките од нелегална миграција, тероризам, и други видови криминал, и затоа треба да биде безбедна и силна. ЕУ несомнено ќе се согласи со тој став на македонската дипломатија но бездруго треба да покаже и повеќе волја да му помогне на регионов да ја врши својата улога на чувар на Европа.

Соња Крамарска

 

 

Борел датум за преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.