Во пресрет на утрешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, попладнево во седиштето на Алијансата во Брисел ќе се одржи состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина.
Според најавите, состанокот ќе започне со воведни обраќање на министрите за одбрана на Велика Британија, Џон Хили, на Германија, Борис Писториус и на Украина, Рустем Умеров.
Контакт групата за одбрана на Украина, позната уште и како Рамштајн група, е сојуз на 57 земји – сите 32 членки на НАТО и 25 други држави – и плус Европската Унија, кои го поддржуваат Киев со испраќање воена опрема како одговор на руската инвазија.
Како што соопшти Прес-службата на НАТО, пред утрешниот министерски состанок, генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте денеска ќе престојува во посета на Франција.
Според најавата, во Париз Руте ќе се сретне со францускиот