Во Брисел оценуваат дека е добро тоа што Македонија, токму пред објавувањето на априлскиот извештај на ЕК, го повлекла од официјален сајт на Министерството на надворешни работи, документот со естимација за бројот на Македонците кои живеат во светот но особено бројките за Бугарија и Грција. Информацијата велела дека 750.000 Македонци живеат во Бугарија и 700.000 во Грција.
Бугарија и Грција ова го користеа како еден од аргуметите во докажувањето на нивните ставови дека официјално Скопје не дејствува во духот на добрососедските односи и покрај декларативните заложби. Во пресрет на јунскиот Совет на министри на ЕУ , МНР сепак реши да ги послуша сугестиите на Брисел и да ги корегира податоците презентирани на официјалната страница на сајтот на МНР.