Published: Wednesday, February 17, 2016 19:28
Лондон соопшти дека испратил свои воени авиони „тајфун“ за да пресретне два руски бомбардери кои се упатиле кон британскиот воздушен простор.
Неколку слични инциденти се случија изминатава година од кога НАТО го зголеми своето присуство во близина на руската граница.
Во септември два руски авиони беа пресретнати над Северното море а летаа нанад туѓа територија. Во мај пак, минатата година, исто така руски бомбардери беа забележани во близина на Шкотска.
Сите пресретнувања завршуваа мирно се до моментот кога Турција собори два руски авиони за кои тврдеше дека го нарушиле нивниот воздушен простор.




