Британец со аутизам обвинет за хакерски напади на владините агенции на САД денеска ја доби својата жалба во Високиот суд на Британија против екстрадицијата во САД, но беше нагласено дека за ова треба да одговара во Британија.
Лаури , кој има Аспергеров синдром, е обвинет за вмешаност во серија компјутерски хакирања во 2012 и 2013 година, вклучувајќи го и Федералното истражно биро, американската армија, Агенцијата за ракетна одбрана и Федералните резерви.
Обвинет за повеќе прекршоци во три обвиненија во САД, тој се соочувал со затворска казна во САД, доколку биде прогласен за виновен.
-Многу сум среќен и благодарен на Високиот суд и на судиите, изјави за новинарите надвор од судницата откако неговата жалба беше прифатена.
“Доаѓаме до заклучок дека екстрадицијата на Лаури ќе биде угнетувачка поради неговата физичка и ментална состојба”, пишуваат двајца судии од Високиот суд во својата одлука по неговата жалба.
Властите на САД велат дека Лаури бил поврзан со Анонимуси, меѓународната група хакери, и дека неговите активности предизвикале штета од милион долари.
Неговата правна ситуација претставува преседан кој може да биде релевантен за идните случаи на екстрадиција, бидејќи тоа е прва успешна употреба на законската одредба наречена “форумска лента”, која им овозможува на британските судии да ја блокираат екстрадицијата доколку тоа не е во интерес на правдата.




