Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британија: Ќе ја признаеме палестинската државност но решението за две држави е далеку

0
By Zoran Ivanov on September 21, 2025 ПОЛИТИКА, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 21, 2025 11:56

Лондон: Британскиот вицепремиер Дејвид Лами денес изјави дека, иако Велика Британија попладнево објави дека ќе ја признае палестинската државност, решението за две држави е сè уште „значително далеку“.
Лами за Скај њуз изјави дека „признавањето е дел од мировниот процес“.

Единствената перспектива за мир во регионот се две држави и затоа британската влада, заедно со другите, сакаше да ја одржи (идејата за) две држави, рече Лами.

Тој ги повтори повиците на британската влада за ослободување на израелските заложници што ги држи палестинската милитантна група Хамас и изјави дека групата не може да има никаква улога во идното управување со Палестина.

На прашањето дали е логично Велика Британија да признае држава што сè уште не постои, Лами рече дека признавањето е „дел од мировниот процес“ и дека границите мора да се „засноваат“ на оние утврдени во 1967 година, со Ерусалим како заеднички град.

Лами, исто така, рече дека акциите како што е израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Катар ги прават „многу тешки перспективите за прекин на огнот во наредните недели“.

Тој додаде дека овие акции на Израел, заедно со плановите на Израел во окупираниот Западен Брег, се во спротивност со условите што се поставени за да се избегне признавањето на палестинската држава.

 

Британија Палестина признае
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.