Британската Влада планира да вгради одреден број на шпиунски направи на социјалните мрежи со цел да надгледува како граѓаните ги користат услугите како што се Facebook и Twiter, јавува агенцијата АП.

Овие намери на Владата се наведени во извештајот кој го објави парламентарниот Комитет за сигурност и шпиунажа.

Цел на овие програми за шпиунирање за да се надгледуваат активностите на скоро се што прават Британците на интернет, почнувајќи од разговор со фамилијата на Skype до посета на порнографски интернет страници.

Британската Влада соопштува дека пристапот до комуникациски податоци е значително важен за борбата против тероризмот и други видови на криминал. Главна цел им е увид во податоците, кој испраќа пораки, кога и како ги испрака, како и кој ги прима.

Шефот на разузнавачката служба „MI5”, Џонатан Еванс, во извештајот наведува дека „пристапот до различни видови на податоци за комуникација се навистина важни”.