Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британија подготвена за утрешните предвремени парламентарни избори

0
By Нова ТВ on December 11, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 11, 2019 22:41

Во Британија утре се одржуваат вонредни парламентарни избори. Право на глас на изборите за 650 пратенички места имаат околу 46 милиони Британци. Партијата која ќе освои апсолутно мнозинство ќе формира влада, а нејзиниот лидер станува премиер. Доколку ниту една партија не осбои доволен број пратенички места, онаа која има најмногу може да се обиде да формира малцинска влада или коалиција со некоја друга партија.

Лидерите на партиите во последниот ден од кампањата им испратија клучни пораки на гласачите пред утрешните избори. Борис Џонсон истакна дека само Конзервативната партија „ќе го заврши брегзитот“ и ќе го забрза напредокот на земјата, додека Џереми Корбин истакна дека Лабуристичката партија „ќе ѝ даде надеж на следната генерација“.

Џонсон последниот ден од кампањата го почна во Западен Јоркшир. Тој истакна дека кампањата не можела да биде потензична и дека повторно постои ризик од тоа да нема парламентарно мнозинство.

Главната порака на актуелниот премиер беше насочена на завршувањето на кризата предизвикана од Брегзит.

-Ако набрзо не излеземе од овој жив песок, иднината на нашата земја ќе остане несигурна – истакна Џонсон и додаде дека ториевците ќе се залагаат за инвестиции во националната здравствена служба, зголемување на бројот на полицајците и воведување нов емиграциски систем.

Џереми Корбин последниот ден од кампањата го почна во Глазгов, каде кажа дека лабуристичката влада „ќе ја елиминира сиромаштијата на децата, ќе ѝ даде надеж на следната генерација и на вистински начин ќе вложува во образованието низ Британија“.

-Запамтете дека утре е нашиот избор, нашата шанса, да избереме влада која ќе биде за многумина, а не за неколкумина. Влада на која можете да ѝ верувате- кажа Корбин и истакна дека Лабуристичката партија ќе се потруди да обезбеди договор околу брегзитот кој е „добар за работниците“ и дека последниот збор ќе го има јавноста.

Според последните анкети, Конзервативната партија на утрешните избори би требало да освои околу 43 отсто од гласовите, додека лабуристите заостануваат и се проценува дека ќе освојат околу 33 отсто од гласовите на Британците.

Вонредните парламентарни избори во Британија се одржуваат утре, гласачките места ќе бидат затворени во 22 часот по локално време, кога ќе се знаат и првичните проценки на изборните резултати.

Изборите во Велика Британија обично се одржуваат напролет, кога временските услови се подобри. Последните избори во декември се одржани пред 96 години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.