Published: Tuesday, November 10, 2015 11:23
Британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд изјави дека е многу веројатно рускиот авион во Египет, во кој загинаа 224 луѓе, да бил соборен од внатрешна експлозија поставена од џихадистите на Исламската држава.
Рускиот премиер пак, Димитри Медведев неодамна изјави дека Москва не ја отфрла можноста да се работи за терористички напад.
>> Путин ќе мора да се соочи со рускиот народ доколку авионот го урна ИСИС
– Можноста да се работи за терористички чин останува очигледното објаснување за она што се случи, изјави МЕдведев во интервју за руски весник кој ќе биде објевен утре (11.ноември 2015).
Илјадници туристи го напуштаат Шарм ел-Шеик по падот на авионот, кога на 31.октомври загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.




