Министерката за здравство на Велика Британија, Надин Ванеса Дорис (62) е заразена со Ковид-19, објави лондонски „Тајмс“. Според медиумот, таа сре сретнала со стотици луѓе во изминатата недела, а била на прием и на „Даунинг Стрит 10“ кај премиерот Борис Џонсон. Моментно е во изолација и се опоравува. Преку социјалните мрежи и самата порача дека е „далеку од најлошото“, но истовремето изрази загриженост за нејзината 84 годишна мајка која покажувала симптоми на коронавирусот.
„Благодарам за убавите желби, се надевам дека го надминав најлошото. Повеќе сме загрижени за мојата 84 годишна мајка која е постојано со мене и почна со кашлица од денеска“, напиша Дорин на Твитер.
Дорис во пораката на социјалната мрежа апелира до граѓаните да бидат „внимателни, одговорни, да ги почитуваат препораките и да продолжат со миење раце“.
„Тајмс“ наведува дека Дорис покажала класични симптоми на болеста како сува кашлица и висока температура, самата се пријавија кај здравствените власти, се подложила на тестирање и се самоизолирала.